Столтенберг: НАТО ќе го преиспита ангажманот во Косово
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај соопшти дека денска имал телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кого го информирал за законите кои ги усвои косовското Собрание за трансформација на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во Вооружени сили, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај во објава на Фејсбук нагласува дека телефонскиот разговор бил „пријателски“ и дека е „задоволен од посветеноста на НАТО за сеопфатна поддршка на Косово“.
– Му изразив гаранции на генералниот секретар Столтенберг дека процесот на транзиција на ФСК ќе се одвива транспарентно и ја изразив мојата визија и визијата на Владата за продлабочување на партнерството со НАТО и КФОР и за готовноста на трупите да придонесат за регионалната и глобалната безбедност. Косово ќе соработува тесно со НАТО за исполнување на целосните оперативни капацитети на ФСК во воениот мандат, како и за заедничко ангажирање во нудењето безбедност и одбрана, напиша Харадинај.
Од друга страна, во соопштението на НАТО за телефонскиот разговор Столтенберг-Харадинај, се вели дека генералниот секретар му телефонирал на косовскиот премиер и му рекол дека Алијансата ќе го преиспита својот ангажман во Косово, „откако мандатот на ФСК еволуира“.
– Генералниот секретар го запозна господинот Харадинај дека сега, откако мандатот на ФСК еволуира, Северноатлантскиот совет ќе го преиспита нивото на ангажираност на НАТО со ФСК во наредната година. НАТО ќе продолжи со својата мисија на КФОР за да обезбеди сигурен амбиент во Косово. КФОР оперира врз основа на мандатот од ОН и на него нема да влијаат законите за транзиција на ФСК, соопшти НАТО.
Во соопштението се додава дека Столтенберг „ќе продолжи со неговите заложби со сите релевантни актери за стабилноста во регионот“.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп