Македонија
25. јуни 2018 - 16:06

Столтенберг најавува покана, полноправно членство по спроведувањето на договорот за името

Македонија ќе го стане полноправна членка на НАТО откако целосно ќе го финализира и имплементира Догворот со Грција за преименување на држата, потенцира генералниот секретар на Алијансата Столтенберг пред јулскиот самит на организацијата, на кој  членството на Македонија веќе е ставено на дневен ред.

-Очекувам шефовите на држави и влади да се договорат за пристапни преговори, потоа ќе можеме да ја поканиме ПЈР Македонија да стане полноправна членка доколку Договорот се финализира. Финализирање значи целосна ратификација, референдум и позитивно гласање, ако тоа се случи оптимист сум, повтори Столтенберг.

Столтенберг, кој учествува на состанокот на министрите за одбрана на државите членки на ЕУ, рече дека без позитивен исход на рефенредумот за името, Македонија тешко би добила покана за НАТО.

-Ако ПЈРМ  го имеплементира и финализира Договорот со позитивно гласање тогаш НАТО ќе ја покани земјата да стане полноправно членка. Ова е историски Договор кој пружа историска прилика на ПЈРМ да стане членка, и ги повикувам луѓето во земјата да ја зграпчат оваа прилика и да го поддржат Договорот. Ако не се поддржи Договорот не гледам како е можно да се покани земјата. Ова е единствена прилика и треба да се зграпчи, рече Столтенберг.

Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, пак, пред утрешниот Состанок на министрите за надворешни рбаоти кој е клучен за добивање на датум за почеток на преговорите со Унијата, вели дека Македонија треба да ја добие заслужената препорака.

- Знаете дека препорачавме отоврање преговори со Скопје и Тирана, овој процес мора да се заснова на заслуги, што значи дека кога има напредок тој мора да биде признаен и да биде охрабрен и придружуван. Се надевам дека земјите членки ќе ја донесат вистинската одлука. Напредокот во западен Балкан е импресивен. Јас бев сведок на потпишувањето на договорот пред 10 дена и тоа е историски момент, смета Могерини.

Охрабрена од Договорот на Заев и Ципрас и австриската министерка за надворешни работи Кнајсл рече дека државата треба да добие датум за преговори. При тоа, таа веќе не именуваше како Северна Македонија.

-Не можам да зборувам во име на сите 27 земји, но во наши очи не станува збор да им се подари нешто на овие земји туку ова е прашање на логика. Им дадовме задачи на Албанија и на Македонија, на Северна Македонија како што е правилното ново име на оваа земја, им поставувавме цели што треба да се постигнат и им рековме да ги исполннат.  Во случајот на Северна Македонија рековме треба да се стаса до решение за проблемот со името и ако Албанија направи реформи во судството, тогаш ќе стане збор за нашиот кредибилитет да се започне со механизмот. Тука ЕК и Федерика Могерини ја имаат поддршката на Австрија, смета Кнајсл.

Државите ќе треба да ја донесат конечната одлука за почетокот на преговорите со ЕУ до состанокот на Советот на ЕУ во четврток и петок. Се уште најнеизвесна е одлуката на францускиот претседател Макрон имајќи предвид дека Франција е против проширувањето на Унијата.