Македонија
11. July 2018 - 20:00

Столтенберг: Македонија доби покана за почеток на пристапните преговори во НАТО

Не можете да бидете дел од НАТО без промена на уставното име, порача првиот човек на Алијансата само неколку минути откако соопшто дека Македонија ја доби долгоочекуваната покана.  Земјава ќе стане 30-та членка на Алијансата под новото име, откако целосно ќе ги имплементира сите чекори и процедури предвидени во договорот за решавање на спорот за името со Грција.

На луѓето во Македонија е да одлучат, ова е прилика што доаѓа еднаш во животот или ќе го поддржат договорот и ќе станат членки, или нема да го поддржат и нема да станат членки, не може двете работи да ги добијат. Нема зачленување без промена на името, на народот е да одлучи, истакна Столтенберг денеска на прес-конференцијата по првиот ден од Самитот на НАТО во Брисел.

Македонија ги почнува подготовските за почеток  на преговорите со НАТО уште утре, порача националниот координатор Пендаровски. Во следните месеци тимови од Скопје и Брисел ќе преговараат околу сите политички и технички прашања, а во исто време ќе се спроведуваат сите превземени обврски со договорот од Преспа. Пендаровски е оптимист дека целиот овој процес ќе заврши до средината на јануари идната година.  

Самитот на Алијансата продолжува и утре, за кога е предвидено и обраќање на премиерот Заев на конференцијата НАТО ангажмани