Македонија
3. December 2018 - 16:19

Столтенберг: Азилот за Груевски е прашање за Скопје и Будимпешта, а не за НАТО

НАТО не сака да се меша ниту да го коментира  бегството  на  Груевски во Унгарија,  иако  се работи за земја членка на организацијата. Генералниот секретар Столтенберг смета дека се работи за билатерален случај кој треба да го решат двете  инволвирани земји.

Не е мое да го коментирам тоа. Тоа прашање треба да си го решат Будимпешта и Скопје.

Столтенберг  потсети дека Алијансата е подготвена да го потпише пристапниот протокол со Македонија , веднаш откако македонската страна го спроведе преспанскиот догвор.

-На Собранието и властите во Скопје е да донесат одлуки, не можам да гарантирам во име на Скопје. Она што го видовме е дека првото гласање каде беше потребно двотретинско мнозинство помина, дали ќе има двотретинско повторно на последното гласање не е на мене да шпекулирам, она што можам да го кажам е дека штом договорот за името е имплементиран ние сме подготвени да го потпишеме пристапниот протокол, изјави Столтенберг.

На прес конференцијата, првиот човек на Алијанста истакна дека западниот Балкан останува во нивниот  фокусот. Столтенберг најави посебен состанок посветен  токму на регионот,  во рамките на  минситерската средба на НАТО, која ќе се одржи наредите два дена во Брисел.