Loading Video...
Спорт плус
24. December 2019 - 17:07
Столе Стоилов и Сара Радичевска „Најдобри спортисти на Град Скопје за 2019-та“
Кон крајот на календарската година вообичаени се и изборите односно прогласувањата на најдобрите во спортот.
Таков денеска беше случајот и со изборот на најдобри спортисти за 2019-та во главниот град.
Столе Стоилов и Сара Радичевска се прогласени за „Најдобри спортисти на Град Скопје за 2019-та“, на денешната свеченост, на која очекувано најмногу признанија добија од РК Вардар, тим кој во 2019-тата година, освои три титули, односно триумфираше во Лигата на шампиони, регионалната СЕХА лигата како и и домашното првенство.
Освен капитенот на црвено-црните, Стоилов кој зад себе во конкуренцијата ги остави, борачите Могамедгаџи Нуров (3.место СП), Елмедин Сејфулахи (5.место ЕП), пливачот Евгениј Поп Ацев и каратистот на Макпетрол Петар Заборски (2.место Европски Универзитетски игри), признание доби и неговиот тимски колега Даинис Кристопанс и тоа за најдобар странски спортист.
Каратистката Сара Радичевска, ја предводеше листата во женска конкуренција на која се најдоа и Анамарија Георгиевска (Таеквондо), Адријана Поп Арсова (Маратон), Дрита Ислами (атлетика) и каратистката Сајра Морина.
Покрај овие беа поделени и признанија за најдобар тренер (Суфијан Исмаили од боречкиот клуб Лирија), како и повеќе младински категории и на спортисти во категоријата на лица со посебни потреби
Признанијата во останатите категории ги добија:
Најуспешни спортисти во младинска категорија (мажи и жени)
1. Бесир Алили – Боречки клуб Лирија (1 место на Европско првенство за кадети)
2. Петар Спасеновски – Карате клуб Макпетрол (1 место на Европско првенство)
3. Филип Додевски – Таеквондо клуб Бутел (1 место на Светско клупско првенство; 3 место на Европско првенство – У 21)
4. Ангела Мојсовска – Карате клуб Макпетрол (5 место на Светско првенство – У 21; 3 место на Европски Универзитетски Игри)
5. Миа Тодорова – Кикбокс клуб Шампион (3 место на Светско првенство)
Категорија најталентиран млад спортист – кадет
1. Александра Симева – Тениски клуб Тенис Парк (Победник на два големи меѓународни турнири)
Најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби
1. Марио Мицковски – Специјална Олимпијада (1 место во пливање – 50 м. слободен стил и 1 место во пливање - 25 м. грбно на Летни олимписки игри на Специјална Олимпијада)
2. Стефан Прентовски – Специјална Олимпијада (1 место во пливање – 50 м. слободен стил на Летни олимписки игри на Специјална Олимпијада)
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->