Столе како мало дете во репрезентацијата: Плаче дете, на ти лижавче
Столе Стоилов три меча доби ќотек на ЕП како за цела година, но најмалку му беше до славје по мечот со Германија откако утна зицер за победа, па дури и призна дека ремито ич не му е слатко кога ќе утнеш таква шанса.
Соиграчите сите до еден застанаа зад Столе и му дадоа поддршка, затоа што без него оваа репрезентација не е иста, а неговата борбеност на теренот е немерлива. Стоилов вечерва во фан-зоната обелодени како го тешеле соиграчите по ремито со Германците.
„Јас сум нивно бебе, ме тешеа со шраубата, демек еве ти лижавче“, рече Стоилов.
Инаку во клубот „Роко“, капитенот Кире Лазаров и Ацо Јоноски го открија разговорот од утрово пред мечот.
„Денеска победуваме“, му рекол Кире на Ацо.
Но, Столе не би бил Столе, ако не им влета во збор - „јас ве зафркнав“
Целото шоу погледнете го во видеото.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација