Loading Video...
Фудбал
28. October 2021 - 18:23

Столе Димитриевски и пресуди на Барселона и Куман

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше јунакот на својата екипа Рајо Ваљекано во мечот против Барселона. 
 
Во дуелот од  11.коло на шпанската Ла Лига, екипата на Рајо ја победи Барселона со 1-0 со голот на ветеранот Радамел Фалкао постигнат во 30-тата минута. 
 
Сепак, нашиот Димитриевски беше човекот на одлука, бидејќи во 72-та минута успеја да го одбрани ударот ое белата точка на Депај. 
 
По овој пораз раководството на Барселона и дефинитивно реши да ја прекине соработката со Роналд Куман чиј договор со каталонскиот тим беше гарантиран до крајот на сезоната, па Холанѓанецот од „Камп Ноу“ нема да си замине со празни раце. Тренерската функција привремено ќе ја извршува Серхи Бархуан, a како што пренесуваат шпанските медиуми, нов тренер ќе биде легендата на Барселона, Чави Хернандез.