Македонија
24. August 2021 - 11:43

Стојкоски: Камион во сопственост на општината фрла отпад во депонијата Ново Село - Ова не смее повеќе да биде слика за Ѓорче

Ова не смее повеќе да биде слика за Ѓорче Петров и за депонијата во Ново Село ! - стои во Фејсбук статусот на Александар Стојкоски, кој објави и видео на кое се гледа како камион на Општина Ѓорче Петров исфрла отпад во депонијата во Ново Село.

- Изутрина еден наш сограѓанин ми го испрати ова видео, во кое се гледа како камион во сопственост на општината депонира отпад во депонијата во Ново Село која е голема како десет фудбалски игралишта !

Депонијата е огромен, огромен проблем за целата општина ама најзасегнати се Ново Село, Даме Груев, Волково, Кисела Јабука.

Практично, тие кои што треба да се грижат за оваа депонија, која по големина е веднаш по градската депонија Дрисла сами депонираат отпад и свесно го загрозуваат здравјето на нашите сограѓани.

Овој проблем ќе го решиме брзо и одлучно !

Ќе покажеме како се решаваат проблемите кога интересот на граѓаните, нивното здравје и чистата животна средина е пред личниот профит !

Ќе го оплемениме просторот и ќе понудиме идеи за негово урбано интегрирање.

Не за Ѓорче Петров како огромна депонија !

Да за чиста, средена и урбано интегрирана општина !

Следете не за нашите решенија за овие проблеми, кои за скоро ќе ги објавиме ! - напиша кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.