Стојкоски ја презеде градоначалничката функција во Ѓорче Петров
Со добивањето на уверението од страна на Општинската изборна комисија, новиот градоначалник на Ѓорче Петров Александар Стојкоски го презеде и кабинетот. Претходно, уверенијата ги добија и избраните советниците.
Градоначалникот Стојкоски, како што соопшти неговиот ПР тим, посочил дека со неговиот влез во Општината, сите жители гарантирано ќе гледаат само развој, модернизација и најважно, решавање на нивните проблем.
– Вработените во Општината, од денеска се во служба на сите нас, жителите на Ѓорче. Сакам задоволни вработени, но и задоволни ѓорчепетровци. И така ќе биде. Направивме примопредавање, јас влегов тука затоа што вие ни ја дадовте поддршката. Кабинетот не е место кое треба да се користи за криење од граѓаните, туку за средби. На терен сум уште денес, како беше и сите изминати години, кога ги слушав вашите проблеми и начини за нивно решавање, рече Стојкоски.
Тој при подигнувањето на уверението од Општинската изборна комисија, потенцирал дека ќе биде човек кој како градоначалник ќе е секогаш отворен и тука за граѓаните.
– Градоначалник е само функција, а јас ќе бидам човек кој како градоначалник ќе биде секогаш тука за вас. Тоа ви го ветив во кампања, тоа го повторувам и со добивањето на уверението од Државната изборна комисија. Од денеска, Ѓорче Петров го има и новиот Совет на општината, кој ќе треба и мора да работи само во нејзина корист и никако поинаку. Одиме понатаму, Ѓорче ќе биде модерно, урбано, хумано!, вели Стојкоски.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти