Македонија
23. April 2018 - 17:30

Стојаноски: Регионална депонија мора да има, да се преиспита локацијата

Да се преиспита локацијата која е предвидена за изградба на регионална депонија во село Годивје, порача градоначалникот на Охрид. Стојаноски кој вчера се приклучи на протестот во Дебрца смета дека потребно е да се корегира  физибилити студијата. Граѓаните и екологистите се против изградба на депонија на чисто и незагадено место какво што е Годивје .

- Регионална депонија треба и мора да има, проблем е локацијата. Потребно е да се енаправат корекции на физибилити студијата заедно со премиерот, министерот...

Во југозападниот регион идентификувани се 100 нестандардни комунални депонии а во Дебрца се регистрирани 9 ризични неконтролирани депонии велат од министерството за животна средина од каде објаснуваат дека Годивје е еколошки  најсоодветната локација. Студијата е направена согласно  европски стандарди а местото е утврдено  при анализирање на повеќе од 12 локации во овој регион во однос на десетина критериуми на чувствителност.

„Министерството ги уверува граѓаните дека постапката за донесување на позитивно решение за изградба на регионална депонија се водеше на транспарентен и законит начин, и дека сите анализи укажуваат на тоа дека не постои опасност по здравјето на луѓето и животната средина и не постои пречка за изградба на еден ваков објект. Но, и по оваа фаза, следат постапки пропишани со закон, со кои ќе се утврди дали локацијата е соодветна за ваков вид на објект или не. Дополнителни анализи би барале дополнителни финансиски средства кои општините во овој регион ги немаат на располагање. Владата за сите овие проекти обезбеди 1 милион евра само за овој регион, преку ИПА програмата.

Градоначалникот на Дебарца на вчерашниот протест порача  дека останува на страната на граѓаните кои својот глас го дадоа на референумот кој се одржа минатата година и се изјаснија дека се против.

Инаку од министерството велат до сега, вкупно 25 Општини се согласиле со веќе поставената рамка за регионален интегриран пристап за управување со отпад и овластувањата се делегирани на Владата на РМ.