Стојаноски: Казни за функционери од по 20 евра, а граѓаните за еден собир на бадникарски оган ќе плаќаат по 2.000 евра
Додека власта лицемерно им доставува казни на нивните функционери од по 20 евра, граѓаните за еден собир на бадникарски оган ќе плаќаат казни од по 2.000 евра.
Лудилото на оваа криминална власт му нема крај.
Неуставно пред три дена беа уапсени граѓани во селото Орман кои присуствувале на традиционален бадникарски оган, а наредниот ден Оливер Спасовски удри и по граѓаните на општина Брвеница,
Спасовски уапси 15 граѓани и едно свештено лице, заради организирање на собир во црква во Брвеница.
Функционерите можат да слават роденден во државна институција без никакво почитување на мерките и протоколите и пет дена да се истражува случајот и на крајот да се казнат со само 20 евра, ама затоа граѓаните веднаш се апсат, носат во полициска станица и плаќаат казна од 2.000 евра.
За лудилото уште да биде поголемо, за прославата во министерството за политички систем поголемиот дел од казната ќе ја платат граѓаните. Имено, со по 500 евра ќе биде казнето одговорното лице, а со 2.000 евра ќе биде казнета институцијата.
Токму оваа казна од 2.000 евра ќе ја платат граѓаните во име на министерството за политички систем.
Едно е јасно, а тоа е дека Владата на Заев ги заплашува обичните граѓани и бесрамно покажува дека едно важи за обичниот човек, а сосема други правила важат за власта.
Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните кои изминативе денови противуставно и насилно беа приведени им нуди бесплатна правна помош, но и на сите останати вакви слични случаи во кои власта на Заев противуставно ги крши слободите и правата на обичниот граѓанин.
Оваа насилна власт на Заев се повеќе го губи тлото под нозете, и се повеќе и повеќе ќе удира по народот. ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните нема да дозволат оваа власт да продолжи со нејзината тортура, и за многу брзо ќе и биде покажано местото во политичката историја.
Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција