Стојаноски: Функционерите на Заев го кршат Законот за јавни набавки
Имаме сериозни сомнежи дека се злоупотребуваат парите на граѓаните преку системот на тендерски постапки и се овозможува одредени фирми да добиваат тендери во милионски суми со однапред скроени јавни повици со спецификации кои алудираат на однапред познати фирми.
Државните институции и општините се должни по склучување на одреден договор врз основа на тендерска постапка да го објават договорот со спецификациите, и со вкупна цена на интернет страницата на Бирото за јавни набавки. Ова е законска обврска согласно чл.70 ст.3 од Законот за јавни набавки.
Институциите и општините во последните неколку години откако со нив управува СДСМ и кадрите на Зоран Заев не го почитуваат законот, и не ги објавуваат договорите помеѓу министерствата, агенциите, општините и приватните фирми. Власта крие како се трошат стотици милиони евра народни пари.
Оваа незаконитост ја има констатирано и самото Бирото за јавни набавки, кое после огромен број неправилности во текот на месец април испраќа известување со кое ги задолжува функционерите од централната и локална власт согласно член 70 став 3 од Законот за јавни набавки да ги прикачат транспарентно и на увид за јавноста сите склучени договори со вклучени цени како би можела јавноста да го има на увид работењето на функционерите.
По ова известување од Бирото за јавни набавки до институциите некои од нив во 2021 година ги прикачуваат договорите од 2019 година, а голем број од институциите и покрај известувањето не ги прикачуваат договорите.
Се поставува прашањето – Што кријат институциите во фиока и зошто селективно се објавуваат договорите?
Дали во секој тендер скриен од јавноста имаме индиции за сторен криминал, односно нееднаков третман кон фирмите и склучување на договори со една фаворизирана фирма и тоа по цени далеку поголеми од пазарните?
Поради тоа што не сакаат да го почитуваат законот за јавни набавки и да кажат како ги трошат народните пари, ние ќе го сториме тоа место нив.
Одговорност за секоја криминална активност ќе има.
Прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово