Македонија
9. September 2017 - 11:17

Стојаноска: Од ветувањата кои СДС ги даде во здравството, македонските граѓани не видоа ништо

Изминативе 100 дена од доаѓањето на власт неспособната влада на СДС ветуваше разно разни реформи и подобрување на услугите во здравството. Од сето тоа македонските граѓани не видоа ништо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дафина Стојаноска истакна дека Владата на СДСМ во првите недели направи реваншистичка смена на дирекорите во јавното здравство.

-Врвни доктори и професионалци ги заменија со лица со понизок квалитет и лица кои имаат криминално минато. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во своето владеење обезбеди над 1.700 апарати на најсовремена медицинска опрема се со цел да се помогне на граѓаните, а СДС не успеа да набави ниту еден нов медицински апарат или опрема. Цената на лековите неспособната влада на СДС не успеа да ја намали додека во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше намалена цена на над 700 лекови, појасни Стојаноска.

Посочи дека ветувањето за покачување на платата на докторите за 100.000 денари, СДСМ не го реализира ниту за 1 денар.

-Укинат е ургентниот интернистички центар при кампусот Мајка Тереза. Запрени се дури и проектите за едукацијата што врвните странски стручњаци и лекари ја правеа во Македонија, а тоа беше организирано од страна на  владата. СДС со ова се обидува да воведе концепт кој ќе значи фабрикување на доктори кои ќе ја немаат соодветната едукација и искуство за лекување на пациенти. Неспособноста на владата на СДС е се повеќе очигледна. Во нивното владеење се случи и најцрната недела во историјата на нашата држава. За една недела умреа 10-тина дечиња по разни болници, а за ова одговорност од СДС немаше, рече Стојаноска.

Вели дека загрижува и индоленстноста на владата во справување со појавата на смртност кај новороденчињата.

-Ова што го прави СДС на сопствениот народ и држава е рамно на цунами. Со локалните избори на 15-ти октомври почнува падот на оваа неспособна власт, истакна Стојаноска.