Стојаноска: Од ветувањата кои СДС ги даде во здравството, македонските граѓани не видоа ништо
Изминативе 100 дена од доаѓањето на власт неспособната влада на СДС ветуваше разно разни реформи и подобрување на услугите во здравството. Од сето тоа македонските граѓани не видоа ништо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Дафина Стојаноска истакна дека Владата на СДСМ во првите недели направи реваншистичка смена на дирекорите во јавното здравство.
Посочи дека ветувањето за покачување на платата на докторите за 100.000 денари, СДСМ не го реализира ниту за 1 денар.
-Укинат е ургентниот интернистички центар при кампусот Мајка Тереза. Запрени се дури и проектите за едукацијата што врвните странски стручњаци и лекари ја правеа во Македонија, а тоа беше организирано од страна на владата. СДС со ова се обидува да воведе концепт кој ќе значи фабрикување на доктори кои ќе ја немаат соодветната едукација и искуство за лекување на пациенти. Неспособноста на владата на СДС е се повеќе очигледна. Во нивното владеење се случи и најцрната недела во историјата на нашата држава. За една недела умреа 10-тина дечиња по разни болници, а за ова одговорност од СДС немаше, рече Стојаноска.
Вели дека загрижува и индоленстноста на владата во справување со појавата на смртност кај новороденчињата.
-Ова што го прави СДС на сопствениот народ и држава е рамно на цунами. Со локалните избори на 15-ти октомври почнува падот на оваа неспособна власт, истакна Стојаноска.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок