Македонија
8. August 2019 - 13:49

Стојанче Ангелов оддаде почит на загинатите бранители кај Карпалак

Денеска се навршуваат 18 години од масакрот кај месноста Карпалак, кога 10 резервисти од прилепската касарна беа убиени од абланските терористички сили.

Националниот координатор за прашања поврзани со здружението на бранители и поранешен генерал, Стојанче Ангелов оддаде почит и положи цвеќе на споменикот Карпалак во чест на загинатите припадници на безбедносните служби во конфликтот од 2001 година кои ги изгубија своите животи во одбрана на Македонија.