Македонија
18. January 2019 - 17:28

Стојан Павлевски осуден за нападот на Села, па претепан од непознати лица сместен на Геријатрија

Еден од обвинетите за нападот на Зијадин Села, Стојан Павловски кој околу 4 месеци лежи на Трауматологија откако беше претепан од непознати лица, ќе биде префрлен во Геронтолошкиот завод за понатамошно лекување. Од министерството за здравство наведуваат дека поради неговата хронична состојба ќе биде сместен во друга институција, a ги отфрлуваат обвинувањата дека тој досега не ја добивал потребната медицинска нега.

Тим од министерството за здравство го посети Стојан Павлески и е утврдено дека на Трауматологија ја добивал потребната медицинска нега. Но, поради неговата хронична состојба ќе биде префрлен на геронтолошкиот завод за понатамошно лекување. Во консултација со семејството договорено е тој да биде префлен во понеделник, соопшуват од реосрното министерство.

Префрлањето е резултат на апелот на неговата сестра Вера Митевска, која обвини дека нејзиниот брат е оставен на милост и немилост, дека никој не сака да го лекува и дека членови од семеството одат во болница да го преврзуваат за да му се санираат раните.

Павлески беше еден од обвинетите за тепањето на претседателот на Алијанската на Албанците за време на настаните од 27 април во Собранието. Претходно и Кире Ѓорѓиевски кој пак е осуден на 13 години затвор поради нападот врз Села, беше претепан додека се наоѓаше во притвор во затворот Шутка.

Првоосомничениот пак за обидот за убиство на Села, Никола Војминовски побегна од домашен притвор, а полицијата по него распиша домашна и меѓународна потерница.