Ракомет
12. April 2018 - 17:26

Стоилов: Мешков Брест е незгоден противник

Од утре во Скопје во Спортската сала Јане Сандански на програмата е завршниот турнир од СЕХА лигата, популраниот Фајнал Фор. 

Во полуфиналето ракометарите на Вардар кои го бранат трофејот ќе играат против екипата на Мешков Брест што за многумина е финале пред финалето. Затоа капитенот на црвено-црните предупредува дека се работи за незгоден противник:
Стојанче Стоилов - играч на Вардар
„Минатиот пат кога игравме во Скопје загубивме од екипата на Загреб, па сега ќе обидеме да стигнеме до посакуваниот резултат. Сега играме во нашата сала и ќе се соочиме со екипата на Брест која ја респектираме максимално. Се надеваме дека сега нема да ни се случи истото од минатиот пат и очекуваме да играме во финалето".

Минатата сезона белорускиот шампион загуби во полуфиналето по изведување на пенали против Веспрем. Од другата страна, Вардар продолжи до финалето и ја освои нивната трета СЕХА титула. Оваа сезона, двата тима се единствени од СЕХА тимовите коишто се пласираа во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Затоа и нивната средба претставува средба на двата најдобри тима сезонава од СЕХА – Газпром лигата.

Двата тима досега во СЕХА Газпром лигата имаа 12 средби, од кои Мешков Брест на три славешее победа, и интересно е да се спомне дека една од овие победи (28 : 27) беше на полуфиналето во 2015 година во Веспрем. Два од нивните натпревари завршија со реми, а еден од нов се одигра почетокот на февруари (25 : 25) и ова е единствениот меч на кој Вардар сезонава не успеа да победи.