Loading Video...
Спорт плус
27. December 2017 - 13:23

Стоилов и Георгиева лауреати во Изборот на спортист на Македонија за 2017 година

Ракометарот Стојанче Стоилов и каратистката Јована Георгиевска се лауреати на 63-то издание на изборот на спортист на Македонија 
 
На свеченоста одржана во Драмскиот театар во Скопје, капитенот на европскиот шампион и член на ракометната репрезентација на Македонија, Стојанче Стоилов беше прогласен за спортист на Македонија за 2017 година.
 
Наградата најдобра спортистка ја доби каратистката Јована Георгиева, која освои бронзен медал на Европското првенство во Турција.
 
Во останатите категории, признанија добија: 
 
Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија и тренер на европскиот првак Вардар Раул Гонзалез ја доби наградата за најдобар селектор.
 
За најуспешна федерација беше прогласена Ракометната федерација на Македонија, додека признанијата за најуспешни национални тимови ги добија јуниорската ракометна репрезентација кај мажите и кадетската ракометна репрезентација кај жените.
 
Специјална награда доби Дејан Георгиевски (таеквондо) кој ја освои европската титула, додека признанието спортист со инвалидитет го доби пливачот Андреј Стојановски.
 
Ракометарот Кирил Лазаров доби награда за посебни заслуги.
 
Најуспешни млади спортисти за 2017 година се каратистите Петар Заборски и Симона Симовска 
 
Признанија во училишниот спорт добија: ОУ„Страшо Пинџур“ - Кавадарци (основни училишта) и СОУ „Никола Карев“ - Струмица (средни училишта), како и универзитетската екипа на  женскиот карате тим при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.