Ракомет
12. September 2016 - 14:15

Стоилов: Да ја повториме играта од дуелот со Веспрем

По двата триумфа во последните две кола од СЕХА лигата македонскиот првак Вардар и лански финалист во ова натпреварување се наоѓа на водечката позиција.Но, за „црвено-црните“ следува нов предизвик - гостува тимот на ППД Загреб.

На денешниот прес тренерот Раул Гонзалез истакна: 
- Задоволен сум дуелот со Веспрем, а веќе ни гостува Загреб. Тоа е екипа против која мора да играме добро. Ќе биде тешко и очекувам натпревар со многу интензитет, кој се надевам дека ќе биде добар за публиката.
Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов изјави:
- Загреб е екипа која најдобро ја знаеме и добро ни е познат и нивниот тренер (Веселин Вујовиќ) водено и тие нас добро не познаваат. Очекувам динамичен натпревар бидејќи е незгодна екипа. Воедно очекуваме да ја повториме добрата игра од саботата со Веспрем.
Натпреварот Вардар - ППД Загреб се игра во вторник со почеток во 17:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.