Македонија
21. јуни 2021 - 13:56

Стоилковски: Заев да не помислува да игра со идентитетот, наместо деманти да го покаже предлогот

Ова е видео колаж од изјави во однос на Македонија и Бугарија, којшто завршува со она коешто стигна од Бугарија како информација испратена од како што велат од таму од официјални лица за медиумите дека е даден предлог со пет формулации од кои за едната од нив станува збор за ист јазик, меѓународно признати како два јазици.

Видеото е кус потсетник за се она што Заев го зборува последните четири години. Ова е кус потсетник за пораките коишто Заев постојано ги упатува до Софија.
Ова е кус, но веродостоен доказ како основа за верба во брифирањата од официјална Софија за бугарските медиуми дека Заев дал предлози во коишто за македонскиот јазик било наведено дека е ист јазик со бугарскиот јазик. Ист ист јазик, но во две држави признати како два јазици.

Доколку Заев го понудил ова решение, тогаш ја прифатил тезата еден народ во две држави и во целост ја побугарчува Македонија и ја брише македонската културна и јазична посебност.
Полошо од бугарските негации на Македонците и македонското, се искажаните ставови на Зоран Заев, неговата понизност и подготвеност за предавство.

Зоран Заев со неговите досегашни изјави, Зоран Заев со неговиот актуелен молк, Зоран Заев со бегството од носењето документ во Собранието дека за идентитетските одредници никој не смее да преговара, остава впечаток и предизвикува чувство дека понудил бришење на македонскиот идентитет во целост.

Зоран Заев да не помислува да си игра со македонскиот национален идентитет, да не си игра со македонскиот јазик, со македонската култура, со македонската самобитност и македонската историја, затоа што ќе добие жесток одговор на било каков обид за ништење на македонскиот национален идентитет.

Најдобар демант наместо поразни флоскули, е предочување на предлогот пред јавноста, за таа сама да ја оцени вистинитоста.

Новинарско прашање: Дали имате информации дали продолжуваат преговорите со Бугарија и дали сте оптимисти?

Одговор: За жал  не само како ВМРО онака како што го завршивте прашањето туку македонската јавност досега за сите преговори кои што Заев ги води дознаваме за жал од странски известувања од странски медиуми кои што што се повикуваат на своите официјални влади, лица, власта во својата земја. Тоа што го добиваме тука во Македонија се само прзни флоскули во обид за демант на она што не само го пренесуваат бугарските медиуми во моментов туку го пренесуваат и релевантни светски сервиси кои што не верувам дека би се осудиле да искористат нерелевантен документ од Бугарија веќе порачаа дека нема да има датум за почеток на преговорите, нема да има меѓувладина седница со тоа паѓа во вода и онаа лага дека Македонија има добиено датум, дека Македонија прави исчекор во интеграциите онаа лага на Заев на Бујар Османи на Никола Димитров за добиен датум и за почнати скрининг. За жал наместо онака како што во своите празни флоскули зборува Заев дека ги решава проблемите ја отвори пандорината кутија која што тешко дека ќе се затвори.

Новинарско прашање:СДСМ веќе му даде поддршка на Петре Шилегов повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје, дали ВМРО ДПМНЕ уште еднаш ќе му го спротивстави Коце Трајановски или ќе има нов кандидат?

Одговор: Петре Шилегов е најлошото нешто кое му се случи на Скопје, по катастрофалниот земјотрес, човекот во фараонски манири ветуваше, а ништо од евтеното не исполни така што Шилегов и според мислењето на јавноста во Скопје било кој да му се спротивстави во моментов ќ биде подобар од него и ќе ги добие гласовите на скопјани. Во однос на внатрепартискиот избор на кандидати ВМРО-ДПМНЕ секогаш во однос на изборот на кандидати, колку тие ќе одговорат на потребите и ветеното кон граѓаните. Сеуште не се завршени конкретните детали за избор со коишто можеме да излеземе во јавноста, треба да поминат во партиските структури. Има и внатрешна и надворешна анкета кои се во тек и се испитува она коешто е капацитет на сите кандидати во сите општини, но и човечкиот капацитет на секој од кандидатите, можните кандидати кои што ќе можат да одговорат на она коешто ќе биде ветено пред граѓаните.

Новинарско прашање:Во едно интервју господинот Мицкоски најави коалиции со различни политички партии и начинот како би коалиционирал. Дали има нешто околу тоа во однос на локални избори?

Одговор: Во однос на локалните избори апсолутно да, можам само да ви кажам дека ВМРО – ДПМНЕ и досега има подадено рака кон сите оние што сметаат дека водството досегашно на локално и на централно ниво на СДСМ е најлошото нешто што можеше да се случи и за општините и за градовите и за Македонија. Сите оние што сакаат да се спротистават на овој криминоген режим се добредојдени во коалиција да го срушиме режимот. ВМРО ДПМНЕ е во постојана комуникација со сите релевантни политички партии во Македонија согласно тоа и политичките партии на етничките Албанци во Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ