Македонија
17. October 2021 - 21:07

Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ води во Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во изјава за телевизија Телма рече дека ВМРО-ДПМНЕ води во скопските општини, како и во поголемите градови.

- Петровец имаме победа во прв круг, исто како и во Могила, Јегуновце, Сопшите и Градско. Се заблагодарувам на секој еден граѓанин што гласаше, со оваа модерна нова технологија. Апсолутно има надеж во Македонија. Резултатите се одлични и водство имаме во скопските општини, како и во поголемите градови. ВМРО-ДПМНЕ ќе  доминира. Охрид, Прилеп, Битола, Велес, Кавадарци имаме солидно водство. Од скопските општини: Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров исто така солидно водство, дури и во Карпош. Резултатите пристигнуваат и така се обработуваат, рече Стоилковски.