Македонија
20. December 2019 - 19:18

Стоилковски: Власта свесно го става профитот на олигарсите пред здравјето на граѓаните

Зад мене е депонијата Дрисла, овде се согорува отпад не само од Скопје, туку од целиот поширок регион, и од Тетово и од Гостивар.

Петре Шилегов и Зоран Заев велеа дека ќе го решат проблемот со Дрисла, две години Шилегов е градоначалник, а проблемот не е решен. Дрисла и натаму го загадува Скопје.

Заев  и Шилегов велеа дека тука, на Дрисла се складира и се третира отпад кој што е штетен по здравјето на граѓаните и на животната средина.

Три години Заев и две години Шилегов не најдоа време да го решат проблемот.

Скопје и скопјани дишат загаден воздух поради согорувањето на отпадот кој што е складиран во Дрисла.

На Заев и на Шилегов бизнисот им е пред здравјето на граѓаните.

Загадува Дрисла. Загадува и согорувањето на кокс со 18% сулфур диоксид и обоениот текстил кој што се согорува во 8 фабрики на олигарсите на Зоран Заев и на Петре Шилегов.

Власта свесно го премолчува труењето на граѓаните. Власта свесно го става профитот на олигарсите пред здравјето на граѓаните.

На негрижата за здравјето на граѓаните и животната средина мора да се стави крај, негрижата мора да заврши по 12-ти април следува одговорност.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ