Стоилковски: Власта на Заев и Спасовски издала над 200 пасоши на светски мафијаши и членови на ИСИС
Македонија со Заев се претвори истовремено и во земја која нуди закрила на мафијата и во земја која помага терористи и во земја во која царува нарко бизнисот. И сето тоа под закрила и поддршка на власта.
Во светот станавме познати како криминално Елдорадо.
Власта на Заев и Спасовски поделила над 200 официјални македонски документи и патни исправи на босови на италијанската, црногорската, турската, српската, шпанската и која ли уште не мафија од регионот Европа и светот. Сето ова не би било возможно без знаење и амин на високи функционери од власта, бидејќи институционално биле злоупотребени лични податоци, матични броеви и имиња на македонски државјани, за да може криминалци да го крстарат светот.
Да биде срамот за Македонија поголем, власта на Заев и Спасовски издавала вакви исправи и на лица членови на ИСИС со што сме го загрозиле светскиот безбедносен систем. Замислете терорист доаѓа во полициска станица и вади македонски документи и потоа оди низ светот и на боишта кај што гинат илјадници лица од нивните терористички активности.
Трето, но и најстрашно, државата ја претворија во нарко зона кај што личниот шофер на братучедот на Зоран Заев и командирот на полициска станица назначен од Спасовски, водат пратка со дрога вредна 800 илјади евра, од компанија која е во бизнис конекции со семејството Заеви.
Македонија е уништена земја со уништен углед, без безбедносен систем каде се е ставено во спрега на криминалот спонзориран и заштитуван од власта. Прво оставки, а потоа и кривична одговорност на врвот на мафијата на власт.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април