Македонија
9. September 2019 - 13:24

Стоилковски: Скандалозно е однесувањето на Обвинителството и на судот

И повторно медиумите и социјалните мрежи вријат со нов скандал поврзан со рекетарскиот октопод.

Според објавеното, доверливи информации од безбедносна служба незаконски биле изнесувани за со нив да се уценува познат бизнисмен. Ова е скандалозно! Дали на тие информации и фотографии имало незаконски дејствија не знаеме, но самиот факт што тие не се процесуирани, туку се предадени на рекет – октоподот говори дека Заев ги има ставено сите институции во функција на лично богатење и политички притисоци.

Доколку на Вилма Русковска и требаа скоро четири месеци за да отвори истрага за „Рекет“ преку СЈО, колку ќе и требаат за да истражи дали постоеле незаконски дејствија со малолетнички и дали тие се прикриени само со исплата на огромни суми пари?

Кои се блиските соработници на Заев што имале допир со доверливи материјали во поранешната УБК, а кои што се неговите функционери кои се материјали можеле да му ги достават на Боки 13?

Досегашното искуство вели дека нема зошто да не се верува дека во телефонот на Боки Тредичи пишува „Многу си го обрал друже“. И дека таа порака не е од главата на октоподот!

Русковска, постои ли таква порака, од кого е и во кој период е испратена? Ако постои како порака дали е тоа испратена од Зоран Заев?

Јовески, Русковска и правосудниот систем ја навредуваат интелигенцијата на јавноста со своето неделување и селективност во расчистувањето на „Рекет“! Месеци минаа додека не почна постапка против Боки Тредичи и Зоран Кичеец. Месеци минаа, а да не беа и оние истекувања низ странските медиуми со гласот на Катица и таа сеуште ќе шеташе по одмори или медицински установи!

Правосудството во пупката на Заев игра само на една карта – како да го заштити октоподот и неговата глава?

Скандалозно е однесувањето на Обвинителството, скандалозно е однесувањето на судот, скандалозни се одлуките кои што се носат, скандалозни се изјавите на Заев во обид на амнестија на Јанева дека можеби таа и не земала пари. Преземањето мерки за „Рекет“ не е само услов за ЕУ, „Рекет“ е услов за мир и правда во земјата и стабилизирање на колапсот на економијата.

Истрагата што се води е целосно компромитирана. Наместо да се затвораат дилеми и шпекулации, секојдневно излегуваат нови детали за прикривање на докази. Одговорност за ваквото поигрување со правдата и законите мора да има и ќе има. По поразот кој што го чека на изборите целосно ќе биде расветлена улогата на Заев во рекетот и на сите негови функционери.

Прашање: Рековте нови детали од „Рекет“. Каде е објавено?

Одговор: Има низ медиумите. има низ социјалните мрежи.

Прашање: Во каква врска се тие малолетнички што пишува што вели случајот?

Одговор: Проверете ги информациите пишува дека се злоупотребени информации кои што поврзуваат извесни активности на познат бизнисмен со малолетнички и дека тие информации се изнесени од безбедносни служби само и само во насока да биде изрекетиран бизнисменот кој што бил уловен во такви информации доколку се точни информациите меѓутоа тоа мора да го каже Русковска, тоа мора да го каже обвинителството.

Прашање: Се најавува за утре лидерска средба помеѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и Зоран Заев. Што очекувате од таа средба дали конечно ќе се финализира некој договор за работа за законот за јавно обвинителство?

Одговор: Пред се очекувам сериозност од власта, да покажат сериозност за моментот, сериозност кон прашањето и да се избегне она практика секој исчекор понатаму да биде дек не важи, да го фати заевизмот и да се вратат на почетните ставови.

Прашање: Дали се знае точно кога ќе биде средбата и во кој состав?

Одговор: Утре, многу поважно е прашањето каков ќе биде односот на власта кон ова прашање, дали ќе покажат сериозност на средба на работните групи и потоа на лидерската средба и дали ќе се надмине онаа болка секој исчекор понатаму да се врати на почетните ставови.

Прашање: Дали мислите дека на оваа средба треба нешто плус да се додаде како тема на пример изборен законик?

Одговор: Значи организирање на предвремени избори беше еден од условите за одржување на лидерска средба.

Прашање: Дали сте спремни за компромис со власта околу законот за јавно обвинителство?

Одговор: ВМРО-ДПМНЕ и досега покажало дека се што е во интерес на Република Македонија и на граѓаните на Република Македонија активно

учествувала и придонесувала кон подобрување на состојбите и кон напредок на државата во евро-атлантските интеграции и во однос на носење на закони кои што навистина носат квалитет во понатамошното делување на државата. Секако тоа не е безусловно и не може да се поддржи било каков законски текст, само и само да се каже дека е донесен законски текст.

Прашање: Дали бевте блиску до договор до моментот кога се објави писмото на Јанева. Дали бевте поблиски отколку сега? Бидејќи имаше такви информации дека тоа писмо ги демотивирало членовите на вашата група?

Одговор: Според информациите кои што ги имам, а и дел од нив беа објавени веќе дека бил постигнат компромис околу законот за јавно обвинителство, меѓутоа веќе следниот момент власта се повлекува на почетните позиции.

Прашање: Зошто, знаете зошто?

Одговор: Тоа ќе прашате во Министерство за правда.

Прашање: Дали за ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо предметите на СЈО да бидат префрлени во ЈО?

Одговор: Тоа и беше една од кажувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека предметите треба, односно се она што било претходно до оној легален момент на постоење на СЈО да се префрли во Јавното обвинителство, а понатаму Јавното обвинителство да си распредели кое каде ќе биде. Начинот на кој што сега се врши ова префрлање со писмо од притвореник кој што управува со еден ваков многу важен материјал е апсолутно „non sense“ за кои што мислам дека правната наука ќе го изучува во иднина. Замислете притвореничката во моментот да издаде налог за апсење на Зоран Заев. Дали треба да се спроведе, сериозно го прашувам ова?