Македонија
5. March 2021 - 14:07

Стоилковски: Што му должи Заев на Фрчкоски па го праќа за амбасадор во САД?

Откако влегла во стан веднаш била фатена од Љубомир за врат и влечена за косата, и во еден момент била удрена со бокс во пределот на челото, при што се гледаа видливи повреди, ова не е сценарио за некој трилер филм, ова е извадок од сведочењето пред полицијата на Алида Фрчкоска, поранешна сопруга на Љубомир Фрчкоски, сведоштво за едно ѕверство и мизогинија на Фрчкоски, кој на јавноста и се продава како професор, правник, аналитичар.

Ова е сведоштво за Фрчкоски кој што Заев сакаше да го испрати за амбасадор на Македонија во САД.

Власта усрамена од чинот на враќање, лаже дека не кажала дека Фрчкоски е номиниран, информацијата ја извадија медиумите, а власта не ја демантираше. Дополнително Фрчкоски самиот се фалеше. Ова е извадок од фејсбук статус на самиот Фрчкоски, во кој самиот се фали со номинацијата за амбасадор во САД.

Зоран Заев направи сериозен дипломатски скандал со фактот што за амбасадор испраќа лице кое е докажан тепач на жени.

Фрчкоски кого Заев го испрати за амбасадор во САД од страна на српски криминалци е посочен како нивен партнер во шверцот со нафта, и министер кој соработувал и со синот на Милошевиќ, Марко Милошевиќ.

Во сведоштво за Фрчкоски, српскиот криминалец Љубомир Магаш вели:

– Нашите соработници од Бугарија рекоа дека треба да се почестат одредени господа во Македонија поради непречениот шверц. Тие двајца беа Црвенковски и Фрчковски, кои добија два автомобила „мерцедес С600“ или, популарно наречени, „слонови“, кои беа најдобрите автомобили во тоа време. Возилата беа крадени, но со средена документација и беа легални, бидејќи нивните близнаци беа пратени во Саудиска Арабија. Што направиле Црвенковски и Фрчковски со автомобилите, дали ги подариле некому, дали ги продале, не знам, се вели во сведоштвото на српскиот криминалец Љубомир Магаш зборувајќи за Фрчкоски за шверцот на нафта.

На скандалите на Фрчкоски им нема крај, а најцрна дамка во неговата кариера е атентатот врз претседателот Киро Глигоров, кој се случи за време на неговото министерување со МВР и не беше расчистен.

Фрчкоски кого што Заев го испрати за амбасадор во САД, тепаше и студенти на студентскиот кампус, навредува луѓе каде ќе стигне и е човек што не ги почитува прописите.

Фрчкоски е синоним за се, само за амбасадор на Македонија не. Заев морада одговори, дали сега откако Фрчкоски е одбиен од САД, планира да го награди со позиција амбасадор во Белград, или пак да го награди со позиција уставен судија?

Кој е долгот на Заев кон Фрчкоски опишан како соработник на мафијата и тепач на жени, па ја брука Македонија? Заев одговори!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ