Македонија
11. April 2021 - 8:36

Стоилковски: Пикот бил зад нас, рекол Филипче и отишол со Заев да се возикаат на мотор

Пикот бил зад нас, рекол Филипче и отишол со Заев да се возикаат на мотор.

Седете си вие дома тие ќе си се гоштеваат во Хотел Туто во Јанче!

Седете си вие од 20ч дома, може и од 18 од следна недела; економијата нека пропаѓа, што знаат оние со мотори од 30 и кусур илјади евра за криза; ќе ве вакцинираат некогаш, а можеби ни тогаш...

Во меѓувреме Заев ќе контролира и ќе се јавува кој може да вози транзит низ земјава; кој може да влегува преку граница и да носи што сака; Филипче ќе разгледува терени за нова "касарна" и нов тендер; а заедно на мотори ќе смислуваат како да направат што поголема ујдурма за некоја провизија, знаејќи дека најголем сектор во влада им е за креирање перцепции и пласирање на "медиумска вистина".

До каде е забегано лудилото, зборува и чаршијата дека министерот за провизии поим немал од мотори, ама сега научил само и само да биде поблиску до тиранинот, а дали е вистина еве јас не знам, прашувам?

Не е ова режим, ниту само мафија, ова е ужас незабележан во Европа по падот на Чаушеску!

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ