Македонија
20. May 2022 - 11:36

Стоилковски: Неодговорноста на СДСМ и ДУИ веќе цел месец ги остави без терапија пациентите со карцином

Власта на СДСМ и ДУИ повторно ги доведува животите на пациентите во опасност, овој пат пациентите со карцином.

Неодговорноста на СДСМ и ДУИ веќе цел месец ги остави без терапија пациентите со колоректален, оваријален и цервикален карцином. За појаснување, биолошката терапија за пациентите болни од карцином е од животно значење за нив, а оставањето без терапија е животно загрозувачки.

Во ризик се доведуваат и пациентите со рак на бели дробови, рак на бубрег и рак на дојка, за коишто резервите на терапија ги има само за кус период од неколку месеци.

Терапија нема затоа што Власта на СДСМ и ДУИ, Министерството за здравство и Беким Сали не извршиле и не прават набавка.

Потребно е најитно решавање на проблемот со тендерот за набавка на биолошка терапија. Можеби овој тендер не е по мерката на СДСМ и ДУИ, но тој е неопходен за животот на многу пациенти.

Со секој поминат ден без решена набавка на биолошка терапија за различни видови карцином, СДСМ и ДУИ на душа носат десетици човечки судбини и се директно одговорни за последиците.

И еден ден повеќе поминат со СДСМ и ДУИ е премногу!

 

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ