Македонија
24. February 2021 - 14:54

Стоилковски: Кој бегалец од притвор, откако е фатен завршува во куќен притвор

Овде сме пред седиштето на криминалот, пред СДСМ. Зоран Заев, Костадин Костадинов и СДСМ имаат потреба да се дообјаснуваат за циркусот кој го направија. Но никој во државата, па ни самиот Костадинов не верува во зборовите за владеење на право и правна држава со власт на Зоран Заев.

Во која земја бегалец од правдата, откако е фатен завршува во куќен притвор? И сам се шета пред медиуми. Ова укажува на можен договор меѓу Заев и Мијалков. Па затоа ли Заев за Милјаков озвозможува екстра услови и екстра третман.

Ова е класичен циркус и исмејување на правната држава и владеењето на правото, но пред се потценување на интелегенцијата на јавноста.

Системот за кој што самиот Оливер Спасовски говореше дека не функционира, всушност е нивната власт. Тоа е така затоа што власта на Заев целиот систем го впрегнала во заштита, компромис и пазарење со криминалот.

Јавноста препознава договор со анекси. За да го пуштат, па анекс договор за да дојде. Поради силните и бурни реакции на граѓаните и надворешни фактори мораа да отстапат од планот. Впрочем затоа Заев, како што и сам брифираше, вчера викал судии, обвинители кај себе во кабинетот. Тоа значи Заев сам се легитимираше како врвот на пирамидата на мафијата и координатор на пазарењето со правдата кој под контрола ги чува обвинителите и судиите. Смешни се во обидот ова да го оправдаат.

Поради ваквата коалиција на Заев со криминалот, младите ја напуштаат државата, не гледаат перспектива и иднина. Поради коалицијата власт-криминал државата тоне и се уништива.

Но овој циркус покажа дека нервозата и паниката растат во СДСМ и ќе кулминираат во моментот кога ќе заминат од власт.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ