Стоилковски: Изгледа постои личен мотив кај Костадинов за така отворено да лаже за случајот „Рекет“
Мотивот на Заев за заштита на криминалот од „Рекет“ го знаеме. Сомнежите се дека тој и неговите структури се силно вплеткани во оваа криминална – октопод мрежа која што тој сака да ја заштити.
Но постои и дополнителен мотив, по се изгледа личен мотив кај портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов за да така отворено лаже и да манипулира за овој случај. Освен можен финансиски бенефит во прашање е морален хазард. Затоа прашуваме:
Дали има, и доколку има нека одговори какви се фотографии, материјали и тонски записи постојат од портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во еден од телефоните на осомничените во случајот „Рекет“?
Зошто Костадин Костадинов е толку исплашен од неговиот довчерашен најдобар пријател Бојан Јовановски?
Дали е точно дека има инкриминирачки материјали на Костадинов снимени во странство?
Дали на овие материјали освен овие двајца се вклучени и други лица, политичари со потекло од една странска земја?
Дали е точно дека Костадинов е и чест посетител на скапите, развратни забави организирани од еден од осомничените во „Рекет“, пред неколку месеци во два големи града во една соседна држава?
Дали Костадинов на овие луксузни забави трошел и народни пари?
Ако ова е точно тогаш нека одговори Костадинов што точно правел на тие забави со Бојан Јовановски?
Ако стравот на Заев е дознавањето на адресата каде е однесен куферот со пари, дали стравот на Костадин Костадинов е дознавањето за инкриминирачките материјали со неморална содржина најдени во телефонот на еден од осомничените за случајот „Рекет“?
Дали стравот кај Костадинов е дознавањето за неговиот неморален карактер?
Дали СДСМ е партија која што е претворена во дувло на развратот во изминативе неколку години?
Дали Костадинов го дели истиот став како и Зоран Заев за Бојан Јовановски кажан при неговата изјава?
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари