Македонија
18. September 2019 - 14:21

Стоилковски: Истрагата за Рекет е фарса што трае со месеци

Целата истрага за случајот Рекет е фарса која што трае со месеци. Случајот е пријавен уште во април, а Русковска обвинителството молчеше и не постапуваше цели три месеци. Дури откако скандалот беше обелоденет во медиумите, а целата јавност виде како со помош на продолжената рака на Заев, Катица Јанева се рекетирале бизнисмени, Русковска обвинителството се одважи да постапи.

Тогаш тргна вториот дел од операцијата под работно име „да ги извлечеме двата пипци на октоподот за да ја спасиме главата“. Тогаш беа приведени Боки 13 и Зоран Милески и започна медиумската кампања за спас на Зоран Заев преку обид јавноста да биде убедена  дека овие двајцата без помош на власта, само сами изнудувале милиони евра. Тогаш Заев уште се трудеше да ја брани и заштити својата црвена линија преку која вршеше политички притисоци, а тоа е Катица Јанева. Уште во тоа време Заев се уште тврдеше дека немало докази против Катица Јанева, а Рускоска обвинителството и остави уште еден месец во кој што имаше време да ги избрише трагите коишто водат кон неа и кон Зоран Заев.

Барањето за продолжување на притворот упатено денеска од страна на Вилма Русковска е уште едно продолжување на фарсата, доколку со истрагата не бидат опфатени и други функционери и доколку истрагата не биде насочена и кон главата на октоподот.

Никако поинаку не може да се толкува фактот што дури и шефот на Русковска, Љубомир Јовески постапува по наредби на притворената Катица Јанева за која и нејзината адвокатка вели дека има нарушено психофизичко здравје и прима лекарства.

Судот во овие неколку дена треба да одлучи дали ќе постапи по најавите на Заев, Катица Јанева да биде пуштена од притворот во Истражниот затвор. Да потсетам, токму како што најавил Заев на проширената лидерска средба,  дека тој имал сознанија дека наместо во затворски, Катица Јанева ќе биде преместена во домашен притвор. Во петок, за два дена од денеска, истекуваат 30 дена определениот притвор за Катица Јанева.Имајќи ги предвид досегашните предвидувања на Зоран  Заев, кој патем и досега споменувал дека има увид во истраги, па и сега за Рекет каде во аудио-снимка се споменува и неговото име и имиња на негови најблиски соработници не е тешко да се види сиот овој театар. Обвинителството на Русковска формално да побара продолжување на притворот, а Катица и Фрчковска, нејзината одбрана да побараат ослободување.Чиста фарса!

Па Катице, според искуството на државата со Зоран Заев, послушај се сама, и како му велиш на Камчев: Не се секирај за ништо се ќе биде ОК!

Рекет ја разоткрива власта во целост, и го открива сиот владино-обвинителско-судски октопод за уценување, рекет и политички прогон. Заев како премиер нема проблем да зборува за увид во судски и обвинителски истраги, да има увид во сведочења, да разговара со обвинители или со обвинети, со осомничени, притворени или пак нивни адвокати. Заев нема проблем да кажува со недели однапред какви ќе бидат судските одлуки.

На Заев и на СДСМ единствено им е важно Рекет да мине што побезболно, истрагата да тапка во место, наместо и други лица да се најдат во притвор, власта прави привид и притворените да ги извади и да ги спаси. Доколку сега судот ја ослободи Катица од притвор, и ја премести во домашен притвор, значи дека работи исклучиво по наредба на Заев.

Ова е далеку од правна држава, ова е далеку од европски, светски и цивилизациски стандарди, ова е целосно заробено општество од рекетарскиот октопод.

Пипците на Октоподот се толку раширени и во него се вплеткани толкав број на функционери на власта, што невозможно е да се разреши освен на избори! Избори веднаш, бидејќи додека државната мафија си ги спасува луѓето фатени и вмешани во милионскиот рекет, Македонија се исели.Избори веднаш, за да може да почне обновата и да одговара секој еден што се огрешил пред законот.

Прашање:Дали има преговори за законот за јавното обвинителство дали има закажани средби?

Одговор на новинарско прашање:Динамиката на средбите во однос на изготвувањето пронаоѓањето на заеднички текст прифатлив за сите за јавното обвинителство зависи од предлагачот од Министерството за правда. Ние сме подготвени тоа сме го кажале и покажале и досега да учествуваме активно да дадеме свој придонес за што подобар поевропски и постабилен закон за јавно обвинителската сфера кој што во никој случај нема да значи амнестија за учесниците во Рекет.

Прашање:Колку беше оптимистичка изјавата на Туск во врска со датумот за преговори. Како вие го коментирате?

Одговор на новинарско прашање:Видете датумот за почеток на преговори не зависи од оптимистички изјави туку од она што државата кандидат ќе го испорача. Прашањето кое што беше поставено минатата година кога Зоран Заев и неговата свита лажеа дека Македонија добила датум и дека никогаш повеќе европските институции нема да се навраќаат на тоа дали ќе определуваат датум за почеток на преговорите за Република Македонија беше и справување со високата корупција и справување со администрацијата и воопшто справување со криминалот во државата. Колку што знаеме во овој дел апсолутно нема ништо сработено , напротив оттогаш досега се отворија голем број на криминални случаи на висока корупција кои што не само што тапкаат во место туку гледаме дека државната мафија и октоподот се обидуваат да ги спасат да не ги спомнувам тука се од „Тополки“, „Леонардо“, „Рекет “голем број на физички напади од страна на функционери на СДСМ како случајот со градоначалникот со  Шуто Оризари кој што не добиваат никаква завршница. Оттука за жал сметам дека и оваа година позитивните мисли, желби изразени чувства нема да влијаат за Македонија да добие датум и да оттпочне преговори. ВМРО ДПМНЕ прави се што е во нејзини рамки процесот да оттпочне  бидејќи тоа е еден консензус кој што го имаат постигнато сите политички партии и консензус кој што се темели врз желбата и потребата на граѓаните на Република Македонија.

Прашање:Ваш конечен став ќе има или ќе нема датум?

Одговор на новинарско прашање: Не може да определиме тоа што го гледаме е дека власта не испорачала она што се бараше од неа. Апсолутно не може да се предвиди.

 Прашање:Вчера инициравте Анкетна Комисија за проверка на работата на СЈО сметате ли дека пратениците од другите политички партии власта и мнозинството во парламентот  дека ќе ја прифати оваа иницијатива на ВМРО ДПМНЕ за да се провери работата на СЈО и непотизмот .

Одговор на новинарско прашање:Непотизмот за кој што постојано укажувавме во однос на вработувањата во однос на делувањето на СЈО се однесува на партијата на власт и токму на СДСМ на мнозинството во парламентот. Околу тоа дали ќе го прифатат останува на тоа дали навистина се борат за правна држава или за криење и понатаму на  туркање на октоподот и државната мафија. Бидејќи се е тоа еден круг маѓепсан круг.