Македонија
7. December 2022 - 12:45

Стоилковски: Хаосот со приватните превозници е наменски, затоа Арсовска не одговара

Ниту по 48 часа нема одговор од градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска на поставените прашања. Ниту пак има одговор на хаосот. А, хаосот е наменски, затоа Арсовска не одговара.

Дали во Македонија веќе се пристигнати автобусите од фирма блиску до Софија, за да го земат местото како единствен приватен превоз во Скопје, како резултат на инсистирање на Ковачевски на тајната средба со Арсовска?

Дали хаосот во Скопје е предизвикан за тргање на досегашните приватни превозници за договор од тајната средба превозот во Скопје да го преземе фирма приватна од Бугарија, блиску до Софија за која инсистира владата на Ковачевски?

Дали сметководителот од Ѓорче Петров од заднина управува со ЈСП за провизии, но и дали нема попуст од милионскиот договор за нафта за ЈСП со фирма на пратеник од власта, затоа што има провизии договорени да завршат во приватни џебови, наместо да се плати долгот?

Дали зад сите матни зделки на Град Скопје стои Драги Митковски познат како Драги Книга, а заедно со него во договарањето на провизиите дали е и близок роднина на Данела Арсовска?

Почитувани,

Блокадите, урнисувањето на Скопје, урнисувањето на буџетот, на вработените, хаосот во Скопје има причина, а тоа е договорот од тајните средби на Данела Арсовска со Димитар Ковачевски. Арсовска, со директорите од СДС, од ДУИ и од Левица предизвикаа целосен хаос во Скопје! Дуото Ковачевски – Арсовска се асови на бугарскиот бизнис и политика во Македонија.

Стотици луѓе немаат леб на маса, претпријатијата тонат во долгови, градот тоне во хаос, ама затоа има огромни провизии и договори!

Скопје не може да издржи уште еден криминоген и неспособен градоначалник!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ