Стоилковски: Данела Арсовска да поднесе оставка
Зад хаосот во Скопје стои коалицијата Тачела, коалиција на Ковачевски и Арсовска, коалиција која што ги води институциите во градот.
Затоа нема одговори на прашањата дали зад хаосот стои договор на коалицијата Тачела, бугарска фирма да го преземе превозот во Скопје, ниту пак има одговор дали се стигнати автобусите од Бугарија?
Нема одговор ниту зошто и како е можно цели 5 недели да трае јавниот повик? Зошто 5 недели трае јавниот повик ако не се точни наводите за договорена бугарска фирма која што би требало да го преземе приватниот сообраќај во Скопје?
За работите да бидат појасни, ова е коалицијата против Скопје, а лепак се директорските плати и провизиите. Ќе почнам со ред:
-Александар Стојковски, директор на ЈСП од СДС;
-Зухјер Реџепи, Директор на ЈП Паркови и зеленило од ДУИ;
-Саид Саид, Директор на ЈП Улици и патишта од ДУИ;
-Снежана Стојчевска, директор на Градска библиотека Браќа Миладиновци, од Левица;
-Антонио Димитров од Левица, Директор на КИЦ;
-Панче Велков од Левица, директор на Музеј на Град Скопје;
-Сенада Ибраимова од Левица, заменик директор на Градски паркинзи;
-Крсте Петровски од ГРОМ инаку и генерален секретар на партијата, директор на Градски паркинзи;
-Александар Трајановски од ГРОМ, заменик градоначалник на Град Скопје.
Веројатно сега се појасни позициите на определени партии кон хаосот, кон долговите, кон уништувањето, но и кон бегањето од одговори, небарањето од одговорност за состојбите и небарањето оставка од Данела Арсовска!
Затоа СДС не бара оставка од Арсовска.
Затоа Левица не бара оставка од Арсовска.
Затоа ДУИ не бара оставка од Арсовска.
Затоа ГРОМ не бара оставка од Арсовска.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација