Македонија
16. January 2021 - 14:11

Стоилковски: Цел регион се вакцинира, само Македонија извиси

Два месеци трае лагата за обезбедени вакцини против Ковид-19! Цел регион се вакцинира, и држави членки на ЕУ и тие што уште не се. Албанија веќе цела недела се вакцинира, ги добиле вакцините од држава членка на ЕУ во регионот, која што граничела со држави коишто не се членки. Може да се претпостави дека тоа се или од Романија, Бугарија, или од Грција. само во Македонија се уште на големо се лаже за вакцинацијата. Цел регион се вакцинира, само Македонија извиси заради лагите на Зоран Заев и Венко Филипче. Утре е 17 јануари, слушнете што зборуваше Зоран Заев на 17 ноември пред два месеци, а веднаш потоа што зборуваше Венко Филипче!

Заев вели со секоја пратка до Грција, Македонија ќе добивала вакцини. Филипче вели со секоја пратка до Бугарија, Македонија ќе добиела вакцини. Пораките беа дека МАкедонија ќе почне вакцинација истовремено со државите од ЕУ! Дополнително се ширеше лага дека Заев добил понуда од Мицотакис за вакцини, исто како што беше лагата од Филипче за вакцините од Бугарија. На 25 декември Заев повторно вели во едно свое интервју „ја прифативме помошта во вакцини од Грција, Бугарија“, па додава „За нас беше важно да направиме навремени чекори за да ги обезбедиме вакцините“.

Е па Зоране Заев, вакцинацијата во Грција започна на 27 декември! Вакцините во Софија и во Атина пристигнаа на ден претходно, на 26 декември, и веднаш беа распоредени низ Бугарија и низ Грција. Ама пратка за Македонија немаше.

Е па Зоране Заев, што е тоа навремено според тебе, кога ќе дојдат вакцините од Бугарија? Кога ќе дојдат вакцините од Грција? Кога ќе пристигнат нарачаните вакцини? Колкави се количините кои што ќе дојдат како помош, а колку се нарачани? Зошто ги нема до сега? Одговорот што го даваш на 25 декември „Кој, кога почнал е навистина ирелевантно“, апсолутно не држи, туку е оправдување за лагата, и истовремено оправдување за секој еден следен заболен и за жал починат

од корона! Точно ли е дека поим немате ниту за вакцините од Бугарија, поим немате за вакцините од Грција, ниту дали ниту кога би ви ги пратиле? Точно ли е дека сокривте тоа што ви е кажано од Софија дека оттаму ќе ви дадат или препродадат вакцини само откако ќе бидат задоволени домашните потреби во Бугарија?

Зоран Заев, Венко Филипче и цело СДСМ работат само на едно – на ширење на лаги и работат на манипулација на граѓаните преку медиумите. Прашање од кое што бегаат е колку животи се доведени во опасност заради ненавремено започнување на вакцинацијата? Колку животи уште ќе треба да бидат во опасност за Заев и Филипче да кажат точен ден кога ќе дојдат вакцините и кога ќе започне вакцинацијата? Ниту има точен датум кога ќе започне вакцинација, ниту колку вакцини се потребни, ниту колку ќе пристигнат, туку со месеци само се шпекулира и се шират лаги. Факт е дека истите велеа дека пандемијата била под контрола и очекуваа 2000 заболени, факт е дека ковидот им избега од контрола со над 2500 починати, факт е дека Македонија има најголема смртност поврзана со корона и факт е дека нема никаков план за вакцинација. Факт е дека Зоран Заев и Венко Филипче го девастираа здравството ги оставија луѓето на цедило среде епидемија и за тоа мора да понесат одговорност!

Прашање: До каде е иницијативата за пописот, за укинување на законот и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го бојкотира ако помине во Собрание?

Одговор: Како што е најавено, ВМРО-ДПМНЕ започнува процедура – акција за собирање на потписи со кои што ќе се бара поништување на законот за попис. Вака како што е планирано, како што се носи и е донесен без методологија и закон кој што содржи индиции за политичка, а не статистичка операција. Таа акција ќе биде спроведена онака како што треба, преку подрачните единици на министерството за правда, луѓето ќе може да се потпишат во подрачните единици низ градовите, а бројот на потпишани нема да биде нешто за занемарување од страна на владејачкото мнозинство. И целта е тоа, да се повлече овој закон и да се донесе закон кој што ќе значи општествен консензус за статистичка операција – попис поддржана од сите.

Прашање: Што е со електронската иницијатива за потписи?

Одговор: Електронската тоа е уште еден начин, на кревање на свесноста на населението и притоа уште еден начин за притисок врз власта во однос на она што значи притисок од јавноста кон овој закон кој значи спроведување на политички договор наместо на статистичка операција.

Прашање: Кога очекувате да се поднесе иницијативата?

Одговор: Се подготвуваат документи, кои треба да се поднесат до министерството за правда за да може да се спроведе таа акција на терен.

Може и во меѓувреме ако се повлечат од ваков закон, од гласањето на ваков закон без методологија, кој има индиции дека нема да биде статистичка операција, може и да не дојде до тоа ако се повлечат од носење на ваков закон.

Прашање: Се уште нема реакција за скандалот со родилката во струшката болница водена од директорот на болницата.

Одговор: Срамно е по половина година правдата да се бара преку медиуми за жена, родилка која што останала без витални органи. Срамно е да нема истрага за ваков случај, само затоа што можеби се работи за директор на болница и неговиот син кои што се со политички функции? Жена чија што бременост е водена од директорот на болницата да остане на крај без витални органи и да нема истрага е навистина срамно жално и не се почитува човековиот живот? Балканот ја имаше Жолтата куќа, а Македонија го има Венко Филипче! Здравството е колабирано, луѓе остануваат без органи, епидемија коси, вакцини нема, Македонија е слепо црево кога е здравството во прашање, а тој се вози на мотори по планини и гради хациенди. Доста е со криење на проблеми под тепих, време е Венко Филипче да си ја потпише оставката!

 

Прес-конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ