-->
-->
Стоилковска во второто коло на фјучрсот во Подгорица
-->
Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска успешно го мина првото коло на фјучрсот во Подгорица што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Таа попладнево беше подобра од Милица Вујовиќ од Србија со 2-0 во сетови. Првиот сет нашата тенисерка го доби со 6:1 во гемови, а во вториот беше подобра со 6:2 за 70 минути игра.
Во следното коло Стоилковска
ќе игра против Агнеш Букта седмата носителка од Унгарија, која денеска на противничката Теодора Митровиќ и препушти само еден гем.
Стоилковска настапи и во игра на двојки, но со Михаела Џаковиќ беа поразени со Сара Чакаревиќ (Франција) и Кристина Остојиќ (Србија) со 2-0 во сетови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција