Тенис
12. September 2017 - 21:47

Стоилковска влезе на главниот турнир

Македонската тенсиерка Магдалена Стоилковска успешно ги мина квалификациите на фјучрсот во унгарскиот град Секешфехарвар откако денеска во третото коло од квалификациите ја победи Барбора Палцатова од Словачка со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4). Нашата тенисерка во второто квалификациско коло беше подобра од Никол Гадиен од Швајцарија.
Утре во првото коло на главниот турнир Стоилковска ќе игра против Алекса Пирок од Унгарија која се наоѓа на 1.019 место на ВТА, додека Стоилковска е на 1.191 место.
Турнирот се игра за награден фонд од 15.000 долари.