Сто точки на дневниот ред на 67. седница на Собранието
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 67. седница на чиј дневен ред се 100 точки.
Пратениците, меѓу другото, ќе расправаат за Предлогот за изменување на Одлуката за испаќање на припадник на АРМ за учество во мировната операција на Европската унија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина, за Дополнетиот предлог закон за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење, како и за предлозите за изменување на законите за јавните набавки, за угостителска дејност и за здравственото осигурување.
На дневен ред се и предлог законите за изменување на законите за основното и за средното образование, за наставници во основните и средните училишта, за минимална плата, за буџетите, како и Информацијата за проблемот со се поголемото иселување, особено на младите од Република Македонија.
Собранието треба да ги разгледа и предлозите за изменување на законите за експропријација, за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за акцизите, за даноците на имот, за технолошки индустриски развојни зони, за пензиското и инвалидското осигурување, за социјалната заштита...
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари