Македонија
28. September 2015 - 8:34

Сто точки на дневниот ред на 67. седница на Собранието

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 67. седница на чиј дневен ред се 100 точки.

Пратениците, меѓу другото, ќе расправаат за Предлогот за изменување на Одлуката за испаќање на припадник на АРМ за учество во мировната операција на Европската унија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина, за Дополнетиот предлог закон за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење, како и за предлозите за изменување на законите за јавните набавки, за угостителска дејност и за здравственото осигурување.

На дневен ред се и предлог законите за изменување на законите за основното и за средното образование, за наставници во основните и средните училишта, за минимална плата, за буџетите, како и Информацијата за проблемот со се поголемото иселување, особено на младите од Република Македонија. 

Собранието треба да ги разгледа и предлозите за изменување на законите за експропријација, за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за акцизите, за даноците на имот, за технолошки индустриски развојни зони, за пензиското и инвалидското осигурување, за социјалната заштита...