Сто пет маријачи за 105-те гола на Французинот Жињак
Мексиканските шампиони Тигрес објавија дека пред стадниот „Универзитарио“ ќе изградат статуа на францускиот напаѓач Андре-Пјер Жињак, кој потоа одговори со хет-трик за 23 минути во 3:1 победата над Нексака во саботата навечер.
Жињак минатиот викенд го сруши рекордот на клубот со својот 105. гол во 1:0 победата над Пумас, по што доби серенада од 105 маријачи свирачи кои пееја „Ел реј“ (кралот) по загревањето во средата. Поранешниот фудбалер на Марсеј не можеше да ги совлада емоциите откако доби плакета и топка.
Навивачите на Тигрес направија мозаик од француското знаме, со десниот горен агол во боите на Мексико, бидејќи Жињак е и натурализиран мексикански државјанин. Жињак го кажа своето на теренот, постигнувајќи голови во 5., 17. и 23. минута.
33-годишниот Жињак дојде во Тигрес како слободен играч во 2015 и оттогаш освои четири Лига МХ титули со клубот, а две сезони беше и најдобар стрелец на лигата.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство