Македонија
28. July 2017 - 12:56

Сто кутии цигари, лап топ, хаверборди... скопјанец крадел во Прилеп што ќе најде

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.Р. (39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Пријавениот влегол во зграда и со употреба на погоден предмет влегол во канцеларите на Тутунски Комбинат АД Прилеп и три адвокатски канцеларии и одзел 100 кутии цигари, лап топ компјутер, четири електрични тротинети, фотоапарат и други предмети, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 387.700 денари. 

Притоа предизвикал и материјална штета од 12.000 денари.