Македонија
16. јуни 2019 - 16:45

Сто години археологија во Битола, голем дел артефакти надвор од државата

Со изложбата „Еден век археологија во Битола“, битолскиот Завод и Музеј се обиде да ја доближи археологијата поблиску до јавноста, но и да им оддадат чест на сите претходници кои работеле на археолошки ископувања во овие 100 години. После Првата светска војна започнале да се истражуваат два значајни локалитета.

-Најпрво локалитетот кај Букри се пронајде прекрасна гробница, истражуваше Попов од Бугарија.  За жал сите тие предмети се однесени во Бугарија и се чуваат во Народниот музеј во Софија. Истата година истражуваше Французинот Пати којшто го привлече Крстоар, тогашно Кристифорово, и најстарите траги на живот во битолскиот крај потекнуваат од Кристифорово, пронајдени се камени орудија од пред палеолитот и истите се наоѓаат во Франција, истакна. Аница Ѓеоргиевска, археолог.

Битолските археолози велат дека голем број артефакти се надвор од државата.

-Знаеме за белгратскиот, британскиот, софискиот музеј, веројатно има и предмети за кои денес не знаеме дека воопшто постојат. Ние со колешката на неколку пати сме се обиделе од белградскиот музеј и српските инститиции нешто да вратиме, но наидовме на пречка, сепак тие се меѓудржавни договори на највисоко ниво. Наше е како професионалци да притискаме и инсистираме за враќање на тоа наследство, изјави ЕНГИН НАСУХ, АРХЕОЛОГ.

Изложбата е во рамките на Европските денови на археологијата.