Македонија
26. May 2020 - 11:31

Сто дневни глоби за битолчани кои не го почитувале полицискиот час

Со по 2.000 евра за секого е предлогот на Јавното обвинитеклство за казна на десетмина биточани за непочитување на полицискиот час.

Битолчаните, од 22 до 25 мај биле затекнати надвор од нивните домови во периодот кога движењето беше ограничено.

Основното Јавно обвинителство Битола до битолскиот Основен суд поднесе предлози за издавање на казнени налози за сите поради сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.