Фудбал
4. July 2016 - 12:40

Стјепановиќ го засили полскиот Сласк

Повремениот македонски репрезентативец Остоја Стјепановиќ (31) наредната сезона ќе го носи дресот на Сласк Вроцлав.
 
Членот на полската прва лига, на својата официјална страница информира дека македонскиот репрезентативец кој минатата година играше во АЕК Лимасол, потпишал едногодишен договор со можност истиот да биде продолжен уште една година.
 
Стјепановиќ има искуство од полскиот шампионат, тој во периодот 2013 до 2015 го носеше дресот на Висла Краков.