-->
-->
Стјепановиќ: Атмосферата е на високо ниво
-->
Фудбалерот на македонската репрезентација Остоја Стјепановиќ верува дека во овој квалификациски циклус „рисовите“ ќе бележат резултати со кои ќе се врати довербата во националниот тим.
Искусниот играч од средниот ред на Сласк Вроцлав вели дека добрата атмосфера во подготвителниот период ќе се пренесе и на теренот во Скадар на првиот квалификациски натпревар за СП 2018 против Албанија.
- Атмосферата во националниот тим е на високо ниво, ќе се обидеме тоа да го пренесеме и на теренот против Албанија. Во овој квалификациски циклус наша главна цел ќе биде да ги подобриме резултатите и да ја вратиме довербата во националниот тим. Убеден сум дека доколку не краси спортска дрскост и желба за победа можеме да ги подобриме резултатите. Противникот го почитуваме и толку, многу повеќе сме фокусирани на нашето однесување на подготовките и на исполнување на обврските што од нас ги бара селекторот, изјави Стјепановиќ за веб страната на ФФМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот