Македонија
2. November 2017 - 16:49

Стивенсон: Никој нема право да му влијае на судството

Судиите се тие кои делуваат како контрола на политичката власт нивната улога е да ја ограничат моќта на политичарите ниту претседателите ниту премиерите не треба да сe мешаат во судската независност истакна Дејвид Стивенсон од американската амбасада на меѓународната судска конференција во Охрид.

Дел од судиите се против генерален реизбор тие сметаат дека треба да бидат самостојни во своето работење и независни при одлучувањето во рамките на законските решенија.

Целата на меѓународната конференција е преку иницирање на законодавни реформи како и стратешки судски насоки кои ќе гарантираат фер судење да се зајакнува судската независност и транспарентност.