Живот
19. November 2015 - 9:36

Стивен Спилберг и Барбра Стрејсенд ќе добијат „Медал на слободата“

Американскиот претседател Барак Обама наскоро со „Медал на слободата“, највисокото цивилно одликување што го доделува првиот човек на САД, ќе награди 17 лица, меѓу кои се и режисерот Стивен Спилберг и пејачката и актерка Барбра Стрејсенд, соопшти Белата куќа. 

- Се радувам што наскоро ќе наградам 17 американски државјани со највисокото цивилно одличје за нивниот придонес за американското општество. Тоа се јавни работници кои ни помогнаа да се соочиме со предизвиците на модерното време, уметници, политичари, спортисти... мажи и жени, кои ги збогатија нашите животи, вели Обама во соопштението.   

Покрај, Спилберг и Стејсенд, меѓу овогодишните добинтици на „Медалот на слободата“ се и пејачката Глорија Естефан, поранешниот бејзбол играчот Вили Мејс и виолинистот Ицак Перлман.

Постхумно, медалот ќе им биде доделен и првата Афроамериканка членка на Конгресот на САД, Ширли Чишлом и неодамна починатиот бејзбол играч Јоги Бери.