Џет-Сет
9. October 2018 - 13:09

Стивен Сигал прекина интервју по прашање за наводното сексуално злоупотребување

Стивен Сигал драматично го прекина интервјуто за Би-би-си по прашање околу обвинувањата за сексуално злоупотребување.

Ѕвездата од боречките акциони филмови имаше вклучување во емисија во живо, па кога водителката Кирсти Варк го потсети на случката со обвинувањата за сексуално злоупотребување и како се справува со тоа, тој не дочека таа ни да го доврши прашањето, па веднаш се тргна од кадар.

Повеќе жени го обвинија Сигал за злоупотребување, меѓу кои и актерките Реџина Симонс и Џулијана Маргилес.