Стипендии за двајца основци и матурант во Делчево
Општина Делчево додели три стипендии на ученици-првенци на генерацијата од двете основни училишта и средношколскиот училишен центар. Стипендиите се во висина од две илјади денари, а ќе се исплаќаат месечно во текот на учебната 2016-2017 година.
- Општина Делчево веќе шест години ја спроведува оваа мерка стипендирање на најдобрите ученици, односно учениците кои се прогласени за првенци на генерациите од образовните институции во градот. Стипендиите се обезбедени од Буџетот на општината, а се исплаќаат месечно, рече Снежана Трајкова од Општина Делчево.
Целта на оваа мерка, како што рече таа, е да се поттикнат учениците да постигнуваат поголеми резултати, но и да се мотивираат своето образование да го градат во училиштата во Делчево.
- Со години по ред сме сведоци дека наши добри ученици средното образование го продолжуваат во училишта во другите градови, рече Трајкова.
Делчево повеќе од 10 години доделува стипендии и на одлични ученици кои постигнуваат забележителни резултати, додека за најдобрите 10 матуранти организира наградно патување низ европските земји. Годинава матурантите ќе ги посетат Италија и Франција.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри