Живот
17. December 2015 - 13:23

Стигнала дома и го затекнала ограбен својот дом - Тоа што го направила ја оставила целата нација зачудена

Кога Александра Гром стигнала дома, затекнала неред. Нејзиниот дом бил ограбен и опустошен од страна на разбојници. Не само што исчезнале божиќните подароци, туку и пасошите, документи и четригодишна заштеда. Изгледало како ноќен кошмар. Крадците го украле дури и нејзиниот ѓердан, кој татко и и го поклонил пред да почине.

Понекогаш кога нешто ќе изгубиме, сфаќаме што е всушност вредно. Александра, шокирана, со скршено срце, преплашена, одлучила на крадците да им напише писмо и да им поклони дел од својот памет. Тоа што им го кажала, не е тоа што очекувате од мајка на која и одзеле се преку ноќ.

Прочитајте ја нејзината инспиративна приказна, и дали и вие би реагирале така?

„До тие што ми го ограбија и опустошија домот“

Сакам само да ви се заблагодарам од срце. Фала што ми го однесовте телевизорот, зошто сега повеќе разговарам со семејството. Фала што ме потсетивте дека материјалните работи не се вредни за моите солзи, како што е вредна сигурноста и просперитетот на моето семејство. Работите можеа полошо да завршат.

Фала ви што ме потсетивте колку е важна поддршката од моите пријатели и смејство. Цело време ми стигаа пораки, поддршка и утеха. Фала што ме потсетивте на вредноста на Божиќ: Поминување на време со саканите личности и магијата која извира од моите деца. Додека седам и се тресам од страв, успеав на малото дете да му кажам дека всушност џуџиња ги украле сите наши работи и направиле неред. Знаејќи дека тој не знае дека вие ни го растуривте домот, вклучувајќи ја и неговата соба, ми дава некаков вид на сатисфакција.

Не ми е јасно како еден возрасен човек ја краде заштедата на детето која со години ја чувало, но се надевам дека тие пари ќе ги потрошиш за добри работи и ќе купиш нешто за твоето дете. Се надевам дека имаш деца и дека нивните лица се насмеани, иако лицето на моето дете нема да биде насмеано овој Божиќ.

Неколку парчиња накит кои ги отуѓивте му припаѓаа на мојот татко кој почина пред 6 години, и пред тоа ми ги поклони. Мојот татко беше навистина дарежлива и великодушна личност, а вие со овој чин ми го скршивте срцето и одземавте дел од сеќавањата на татко ми. Се надевам дека кога ќе ги продадете ќе донесете парче среќа за вас и вашите семејства, зошто мојот татко така сакаше.

Не оставивте без ништо, се чувствуваме скршени и уплашени. Толку години за да створиме наш дом, а вие за една ноќ ни одзедовте се. Но фали ви за тоа што ме потсетивте колку го сакам мојот сопруг и син. Заедно ние тројца ќе го пребродиме се ова. Се радуваме на Божиќ, прв во нашиот нов дом.

Дали сум ОК? Не сум! Ми ги земавте нјвредните матрејални работи. Се чувствувам скршено, уплашено! Кога и да слушнам некој звук, чувствувам паника и страв. Не се чувствувам сигурно повеќе! Мојот прекрасен сопруг ми е најголема подршка, ме подржува во овие тешки моменти. Неговата прегратка и прегратката од детето е нешто што ме потсетува дека материјалните работи не се важни, туку емоцијата која ја примаме и даваме. Емоциите се складиште во нашиот мозок и душата и траат вечно. Како и ние.

Споделете ја оваа порака на Александра, зошто Божиќ ни покажува дека семејството е поважно од матрејалните работи!