Македонија
14. February 2021 - 10:23

Стигна првата пратка вакцини од Република Србија

На граничниот премин Табановце денеска стигна првата пратка од вакцини на „Фајзер“, донација од Република Србијја. Првите 4.800 од предвидените 8.000 вакцини против Ковид-19 на премиерот Зоран Заев му ги предаде српскиот претседател Александар Вучиќ.

Пратката вакцини од Србија требаше да пристигне пред неколку дена, но беше одложено поради технички причини, поради усогласување на техничка документација. Станува збор за вкупно 8000 вакцини од „Фајзер“ кои ни ги отстапува Србија,  а кои неколку недели чекаа на одобрение од производителот во земјава.

Покрај оваа пратка се очекува и испорака на 200 илјади дози вакцини од Кина, за кои е потпишан договор во понеделникот.

Интерес за вакцинирање преку онлај апликацијата до вчера имаа иразено над 40000 граѓани.

Од Министерството за здравство вчера информираа дека преку матичните лекари за вакцинирање се пријавени 12 652 лица.

Веб-страницата на која може да се пријават граѓаните за вакцинирање беше пуштена во функција пред четири дена. Освен на овој начин, пријавувањето за вакцинирање ќе може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.

Според предвиденото од надлежните институции, во првата група за вакцинација се здравствените работници и лицата над 70 години.