Македонија
8. August 2018 - 16:53

Стевчо Јакимовски пред судија на претходна постапка - финансиска полиција му поднесе кривична пријава

Судот му го одзема пасошот на екс градоначалникот Јакимовски и му нареди секој понеделник да се јавува на суд. По предлог на надлежното обвинителство мерки за претпазливост се изречени и за останатите 4 осомничени кои работеле заедно со Јакимовски во Општината. Финансиската полиција ги гони за злоупотреба на службената положба и овластувања за 3 постапки за проекти  направени во 2012 и 2016 година.

- По 2 часа распит кај судија на претходна постапка Јакимовски рече дека надлежните во процедурата  постапиле фер и коретно .Тој тврди дека имаат доволно аргументи со кои ќе докажат во натамошниот процес дека не ја злоупотребиле службената положба.

Сопартијците го пречекаа пред судот и скандираа поддршка за  лидерот. Од ГРОМ претходно случајот го оценија за политичка хајка врз Јакимовски.

Од владејачката партија реагираат  законите, правилата, прописите важат за сите подеднакво.Од СДСМ порачаа нема повеќе недопирливи, нема избегнување од одговорноста.

Јакимовски ноќта ја помина во ПС Кисела Вода пред попладнево да биде доведен во Кривичниот суд. Финансиската полиција вчера неколку часа вршеше претрес во три објекти од кои едниот беше куќата каде живее екс градоначалникот со семејството. Од Финансиската полиција не соопштија што барале и дали истото го обезбедиле при претресот.